Рождество на Пресвета Богородица - Согленски манастир |
23.09.2013. |
На 21.09.2013 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Раѓањето на Пресвета Богородица – Мала Богородица, во Согленскиот манастир посветен на Рождеството на Мајката Божја се отслужи Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на јеромонахот Авакум, протоереј Ристе јанушев, свештеник Мики Миовски и ѓакон Васил Ристовски. Манастирската црква беше исполнета со верни души кои молитвено го побараа застапништвото на Мајката Божја пред престолот на Спасителот, за здравје и спасение на нивните души. Многумина од присутните верници пристапија кон Светата Тајна – Евхаристија и се причестија со Светите Христови дарови.
|