Групна венчавка во Гевгелија |
17.09.2013. | |
На 15. 09.2013 година, во дванаесетатта недела по Педесетницата, во црквата „Свето Вознесение Христово - Св. Спас“ во Гевгелија се отслужи Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на протоереј Миле Штрбевски, протоереј-ставрофор Марјан Радински, јеромонах Атанасиј, јеромонах Спиридон и ѓаконите Влатко Стоименов и Васил Ристовски. По Литургијата се одржа групна венчавка на која 15 брачни парови кои граѓанската заедница ја крунисаа со благослов од Бога. Литургијата и чинот на групната венчавка беа збогатени со велелепните звуци од црковниот хор од Гевгелија.
|
< Претходно | Следно > |
---|