3.09.2013. |
На 08. 09. 2013 година, во единаесетта недела по Педесетница, со почеток во 08. 00 часот, Митрополитот Повардарски г. Агатангел ќе отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На 09. 09. 2013 година, понеделник, кога Светата Православна Црква ќе го чествува споменот на светиот маченик Фанируиј (заштитник на учениците) во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес со почеток во 08, 00 часот ќе се отслужи Света Божествена Литургија на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По Литургијата ќе се отслужи молебен за успешна школска година за Човекољубиот Господ, нашиот Спасител, да ги просветли сите ученици, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина и на Светата Црква. Овој чин на Призив на Светиот Дух ќе се отслужи во сите поголеми цркви ширум Повардарската епархија.
|