Молебен канон на Пресвета Богородица |
27.08.2013. |
 На 26. 08. 2013 година, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи Молебен канон со Акатист на Пресвета Богородица за оздравување на сите болни и за утешување на сите оние кои се наоѓаат во тешки незгоди, душевни и телесни маки и избавување од секаков вид на душевен немир и страдање. На оваа богослужба, на која присуствуваа голем број верници од градот Велес, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужителите од велешкото архиерејско намесништво.
|