Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Преподобна Параскева – Петковден
28.10.2007.

 

Sample Image
 


 

 

     На денот кога Македонската Православна Црква го слави споменот на Преподобната Параскева – Петковден ( 27 по новиот, а 14 по стариот календар), Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од Кавадаречкото архиерејско намесништво отслужи Света Божествена Литургија.

Православниот храм „Св. Димитриј“ во Кавадарци, на овој ден, беше духовниот дом на бројни верници, кои молитвено ја проследија Божествената литургија и се поклонија на Преподобната Параскева. По завршувањето на Литургијата беше направен водосвет, а беа поделени и славските колачи.

    

Sample Image
 
 
 Sample Image
 


 

Преподобна Параскева (Петка)  

 

         Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите и беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш и се јави ангел Божји и и рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да и го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што и притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.

 
< Претходно   Следно >