26.08.2013. |
На 25. 08. 2013, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од Велес, а молитвено присуствуваа голем број на верници. На оваа Литургија, Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел благоволи и го ракополжи најпрво во чин ипоѓакон, а потоа во чин ѓакон завршениот богослов и дипломиран теолог, Виктор Димовски.
|