Соопштение |
25.08.2013. | |
Се покануваат сите верни чеда на Македонската православна црква, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица да бидат дел од празничните богослужби во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес кои ќе бидат отслужени по следниот распоред:
26. 08. 2013 година 18.00 часот Богородичен акатист со молебен за здравје и исцеление на сите чеда на Повардарската епархија.
27. 08. 2013 година 19.00 часот Вечерна Богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Повардарската епархија.
28. 08. 2013 година 08.00 часот Света Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Повардарската епархија. |
< Претходно | Следно > |
---|