Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Преображение Христово
Преображение Христово
20.08.2013.

 Sample Image

Sample ImageПо повод големиот христијански празник, Преображението на Господ Исус Христос на планината Тавор , Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе клирици од Повардарската епархија, отслужи Божествена Литургија во црквата „Свети Атанасиј“ во Неготино.

Митрополитот се обрати со празнично слово кон собраниот верен народ, толкувајќи го Светото Преображение на Господ Христос пред тројцата Негови ученици, потоа следуваше причестувањето на верниците, а на крајот на Литургијата, Митрополитот заедно со свештенослужителите пристапија на средината од храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето коешто верниците го донесоа од своите лозја и ги прекршија и благословија празничните лебови.

 

 
< Претходно   Следно >