Преосветување на Божји престол |
22.07.2013. |
На ден 21 .07. 2013 година (недела), се изврши чин на преосветување на Божјиот престол на Светиот олтар на Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. Преосветувањето на црквата го изврши надлежниот Митрополит на Повардарската епархија г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија. По извршувањето на чинот преосветување, беше отслужена Света Божествена Литургија.
|