|
Возљубени! Во сабота, на ден 22. 03. 2025 година, (Младенци), во сите храмови од Повардарската епархија ќе биде отслужена Света Заупокоена литургија и Молебен за здравје и поткрепа на настраданите при пожарот и страшната трагедија во Кочани. Ги повикуваме сите православни верници од Повардарската епархија да земат учество во заедничката молитва, која ќе ја упатиме кон Бога за покој на душите на починатите, како и за брзо и успешно заздравување на сите настрадани во оваа страшна несреќа. Господ Бог нека им даде мир, духовна сила и утеха на нивните родители, на сите нивни роднини и пријатели.
|
„Православна Светлина“ 26 и „Библиски настани“ 10 |
15.07.2013. | |
Во пресрет на големите христијански празници посветени на светите апостоли Петар и Павле излегоа од печат новите броеви од списанието „Православна Светлина“ и од илустрираната едиција „Библиски настани“. И во овој нов број на „Православна Светлина“, 26 по ред, веќе во седмата година од неговото печатење, стандардно, како и досега, обработивме теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и овој број ќе ја збогати радоста кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие денови. Списанието е бесплатно и можете да го земете низ храмовите во Повардарската епархија. Во овој период излезе од печат и десетиот број од илустрираната едиција „Библиски Настани“, со работен наслов „Пријател на сите“, во кој е обработен расказот за спасителната мисија на Господ Исус Христос. Илустрираната едиција „Библиски Настани“ содржи 14 изданија, кои се печатат во тираж од 10.000 броја, а излегуваат од печат во определен временски интервал. Вакво илустрирано библиско издание се печати за првпат во историјата на издаваштво на Македонската Православна Црква, а досега не се испечатени слични изданија ниту во останатите православни цркви на Балканот.
|
< Претходно | Следно > |
---|