Хуманоста на дело |
20.05.2013. | |
Црковната кујна во Велес повторно ја разбуди хуманоста на жителите од градот. Овој пат жените од клубот „Инервил“ од Велес тие кои решија да донираат храна во вредост од 22. 000 денари за потребата на кујната во која секојдневно топол оброк добиваат многу наши браќа и сестри кои за жал се наоѓаат на маргините на нашето општество. Повардарската епархија упатува благодарност до овој клуб за нивната иницијатива и воедно апелира ова да биде пример за сите жители кои со мал придонес можат да направат големо дело. |
< Претходно | Следно > |
---|