Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Велигденско издание на „Православна Светлина“

 

Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“

 

Sample ImageВозљубени,

на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник.

На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес.

Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.

 

 
 

 Божикно послание                        Распоред на богослужби

 
Велигденско издание на „Православна Светлина“
2.05.2013.

       Sample Image Во пресрет на торжеството над сите торжества, настанот кој носи радост во секоја човечка душа, настанот кој во себе ја содржи суштината на нашата вера, суштината и основата на христијанството и на нашето спасение, Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, излезе од печат Велигденското издание на списанието „Православна Светлина“.

„Овој свет без Бога престојува во мрак. Но во тој мрак свети вечната светлина и темнината не може да ја победи. Затоа на денот кога го празнуваме Воскресението носиме запалени свеќи, за симболично да ја покажеме непобедливата сила Христова, која е светлина и живот. Светлината и животот секогаш одат заедно. Каде што има сонце, таму има и живот. Животот не може да опстојува во темнина. Така е и во духовниот свет - таму каде што има духовна светлина, таму каде што Евангелската светлина свети во душата на човекот, таму има и духовен живот, бесмртност, има трајни вредности, има светлина која од Бога излегува и која нè доближува до Него“.

Токму во овој извадок од една беседа на нашиот Митрополит г. Агатангел е соджана смислата на постоењето на ова списание, кое има основна цел, содржана во неговиот наслов – „Православна Светлина“, да ја донесе Божествената Светлина во нашите срца и читајќи ги редовите содржани во него да нè доближат до Престолот на Севишниот, да се обидеме да станеме подобни на Бога и да се обидеме да се подготвиме колку што можеме подостојно да вкусиме од залогот за вечноста, за да го обезбедиме нашето спасение.

И во овој број, 25 по ред, веќе во седмата година од неговото печатење,  стандардно, како и досега, обработивме  теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и овој број ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови, кои нè очекуваат.

Од овој број, како прво издание од седмата година на издавање на „Православна Светлина“, решивме на нашите читатели да им понудиме и нов дизајн на списанието, којшто од досегашниот А4 формат, отсега ќе го печатиме во Б5 формат. Се надеваме дека ќе Ви се допадне.

Списанието е бесплатно и можете да го земете за време на претстојните Велигденски служби низ храмовите во Повардарската епархија.

 
< Претходно   Следно >