Акатист кон Пресвета Богородица |
22.04.2013. | |
На 19. 04. 2013 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес беше отслужено мало Повечерие со целиот Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужбата служеа протоереј-ставрофор Славе Јованов, протоереј Ристе Јанушев, свештеник Борислав Бобевски, свештеник Јованче Илиев, свештеник Драги Гаштарски и свештеник Игор Пармачки. Инаку ова беше последна служба во Великиот Пост, на која се чита Акатистот кон Пресвета Богородица, кој пак, за време на Великиот Пост се служи во петоците од петте седмици од Великиот пост. По завршувањето на малото Повечерие традиционално беа осветени петолебија, кои верниците ги земаат за здравје и благосостојба.
/За сајтот на Повардарската епархија известува презвитера Павлина Илиева/
|
< Претходно | Следно > |
---|