Благовештение во Полошкиот манастир |
9.04.2013. | |
На 07. 04. 2013 година, во третата, Крстопоклона недела од Великиот пост, кога Светата Црква молитвено го чествува споменот на Светото Благовештение, во Полошкиот манастир „Св. Ѓорѓи“ на Тиквешкото езеро, се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на јеромонахот Атанасиј и јероѓаконот Пајсиј. На Литургијата присуствуваа монахињата Магдалена и останатите искушенички при ова сестринство.
|
< Претходно | Следно > |
---|