


| Крстопоклона недела и Благовештение |
| 8.04.2013. | |
|
![]()
На 07. 04. 2013 година, во третата, Крстопоклона недела од Великиот пост, кога Светата Црква молитвено го чествува споменот на Светото Благовештение, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше свештеникот Драги Гаштарски, а сослужуваа ѓаконите Влатко Стоименов и Васил Ристовски. Многубројниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. Свештеникот Гаштарски го изнесе светиот Крст од олтарот и го постави во средината на храмот - извршувајќи поклонување на чесниот Крст. Потоа и сите присутни верници пристапија кон поклонување и целивање на светиот Крст, а свештеникот на секој верник му даруваше китка босилек.
![]() ![]() ![]() ![]()
Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува »крстопоклона« и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение.
![]() ![]()
|
| < Претходно | Следно > |
|---|