Недела на православието, Велес |
25.03.2013. | |
Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св.вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата сослужуваа сите намесници од Повардарската епархиј, како и повеќе свештенослужители од градот Велес. По завршувањето на Литургијата беше одржана Духовна Академија, на која свештеникот Драги Гаштарски произнесе слово за Неделата на православието. Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси.
|
< Претходно | Следно > |
---|