


| Тодорова сабота |
|
![]()
Во првата сабота од светата Четириесетница, во времето на Великиот пост, која православната Црква ја посвети на споменот на свети Теодор Тирон, беше отслужена Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. Со Литургијата чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Славе Јованов во сослужение на протоереј Борис Симоновски и ѓаконите Влатко Стоименов и Васил Ристовски. Светата Литургија на Тодорова сабота, како и секоја година, ја одбележаат големиот број верници кои доаѓаат во храмовите ширум Повардарската епархија да ги примат Светите Христови Тајни, па така и оваа година во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, пристапија речиси сите присутни верници кон светиот Путир, за да ги примат светите Тајни. Од таа причина свештенослужителите причестуваа од две места и од два Путира, поделувајќи ги верниците на две групи: мажи и жени со мали дечиња.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|