Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Проповед во Неделата на православието
Проповед во Неделата на православието
25.03.2013.

Во името на Отецот и Синот и светиот Дух.

Ваше Високопреосвештенство, почитувани отци драги браќа и сестри.

 

 „На оној, што победува, ќе му позволам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Отецот Свој на Неговиот престол“ ( Откр. 3,21)

 

Sample ImageОваа вера апостолска, оваа вера на светите отците, оваа вера православана таа вера вселената ја утврди.

Зошто го сакаме православието и Православната Црква? Во деновите на Својот земен живот, благочестиви слушатели, Господ Исус Христос Бог наш ги обединил околу себе сите кои веруваат во Него, а помеѓу тие верници особено ги приближил  кон Себе апостолите.

Од верниот во Христа народ на денот на светата Педесетница се оформи Црквата Христова, а од апостолите првите раководители на таа црква, нејзините пастири и учители. Потребно било не само да се воведат во вистинската вера и духовно да се укрепат оние кои го примаат христијанството, но, истовремено и да се оградат од лажните учења и ереси. По зборовите на апостолите, тие ереси  „требало да Бидат“ за да би се јавило искуството“, односно најдоброто правоверие, а и цврстината и чистотата на верата на оние кои поверуваа во Христа. Победата на правоверието билa запечатенa во одлуките на Вселенските и Помесните Собори.

Од нив Црквата Христова и го има тој вселенски Символ на Верата, кои ние го слушаме во нашите храмови за време на Божествената Литургија.

Тој символ од 842 година Светата Црква особено торжествено го возгласила во денот на Неделата на Православието, односно на денешен ден.

 

Почитувани,

Нашата вера затоа се нарекува апостолска, затоа што неповредливо и неразрушиво чува во себе сè што учел Самиот Христос и Неговите апостоли и сè што се содржи во Светото писмо и Светото Предание.

Таа вера свето ја чувале и заштитувале на Црковните Собори и во своите дела светите оци и учители на Црквата. Нејзе они ја спасувале и прославувале. Затоа она и се нарекува на светите отци вера на нашите татковци.

Како што гледаме, браќа и сестри, православието наше е соѕидано на несрушливи основи: на верното учење на Спасителот, апостолите, светите отци на Вселенските Собори, на вековното искуство во духовно благодатниот живот во Христа. Со нив светите угодници Божји – мачениците, исповедниците, чудотворците, преподобните и сите оние што починале во благочестива вера сведочат за вистинитоста и спасителноста на Православната вера.

Со таа вера се спасиле и сите наши благочестиви предци, кои ни завештале на нас да ја чуваме како зеницата во окото таа вера спасителна. Нашата вера уште е наречена и Православна за разлика од католичката и протестантската кои отстапија од сржта на апостолската вера, од татковската вера, од православието.

Основата на оваа вера е составена од срдечната, длабока и жива вера во Живиот Триипостасен Бог - Творецот на небото и на земјата, Секадеприсутниот, Семилостивиот, Сегледниот, Кој секогаш нè соочува самите со себе (преку грижата на совеста), Кој секогаш ни помага преку молитвата), и ни подарува милост, љубов и простување (преку Тајните).

Другата основа на нашето православие е верата во нашиот Исус Христос како Син Божји и Споасител на светот. Верување дека Он заедно со Светиот Дух (но, не и без учеството на Небесниот Отец) нè повикува, и осветува и просветува и нè води кон спасението, соединувајќи се со нас во Светата тајна Причест.

Третиот основ на нашата Православна вера, драги мои, е во идниот и задгробен живот, во единство на земната и небесната Црква, преку посредство на сепречистата Владичица наша Богородица и сите угодници Божји.

Во четвртиот основ се јавува нашата христијанска љубов, братството и милосрдието на еден кон друг како членови на едно семејство, на едно тело – Црквата Христова.

Како петти основ се јавува таа самата - таа Црква Христова, нејзиното Свештено Предание, нејзиното устројство, богослужение. Тајните, обредите, делата на Светите Отци, прописите и правилата на Вселенските и Помесните собори и сите искуства од многувековниот благодатен живот во Христа, и нејзиното раководство, кон спасение на своите верни чеда како Животворна сила на Црквата од денот на Педесетница е Духот Свети кој живее во неа.

Сите ние драги браќа и сестри, полезно е од време на време да се запрашаме себе си, православни ли сме ние, ги исполнуваме ли условите, кои ни се поставени од Мајката Црква, кои што се востановени токму за нас и за нашето спасение од Светата Православна Црква. Погледнете како Она ни помага во нашето спасение, она го осветува нашето појавување во светот преку Светото Крштение, го спроведува нашиот живот преку благодатните дарови од останатите Свети Тајни и молитвословија. Нè упатува во светот преку своите прекрасни песнословија, разрешителни молитви и благословувања. Сиот наш живот од лулка до гроб поминува под нејзиното свето раководство и благословување. Особено од исклучително нејзино значење е во јавните молитви во храмовите и во раководството на нашиот духовен живот.

Таа е она, која благолепно ги украсува нашите убави храмови со светите икони, кои кои пројавуваат во нас молитвено воздигнување на нашите души и срца кон Господа Бога. Она ги насладува, духовно ги храни и ги опфаќа нашите души во длабока смисла и стројност со своите богослуженија. Тоа е она која која ги осветува и укрепува благодатно, со своите молитви и тајни нашите изнемоштени и сиромашни души.

Она е таа која заради нас одредила во неделата два дена, средата и петокот за пост и покајание, а во текот на годината во одредено време уште четири поста со истата намера, еве во претходната недела ние стапивме во деновите на светата четириесетница.

Православната Црква прави сè за да душата наша би се потресла и затреперила во овие големи свети денови, за да би почуствувала омраза кон својата гревовност и да ја воспламти жедта за очистување, обновување и осветување.

Преку покајните великопосни служби, со нивните трогателни припеви, молитви, коленоприклонувања, метанија, таа нè повикува во покајание и помирување со Бога. Ниту во едно време нашиот Господ не е толку блиску до нашите срца и до нашата ожалостена страдална совест, „Он чука“, и на нашето срце, (како што вели во светото откровение „Ете стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него и он со Мене“ (отк. 3.20) како во овие  свети денови.

И ние сите знаеме дека колку построго го поминеме Великиот пост, толку повеќе ќе ја  очистиме и ќе ја осветиме својата душа во покајание, така ќе се сретнеме радосно и торжествено и во Пасхалната ноќ, кога нашата обновена и воскресната душа со сета вселена ќе ликува и пее за Воскреснатиот Спасител нема да знае каде се наоѓа – ни на небото, ни на земјата.

Кој го создава и прави за нас тоа неизмерно блаженство, таа небесна радост? Тоа е пак сета Она – нашата Православна Црква, носителката и чуварката на нашето Православие.

Да бидеме , возљубени браќа и сестри, како нашите благочестиви предци, да го чуваме нашето Православие, да живееме и да се спасиме со него, и со чест да го носиме тоа големо име на Православен Христијанин.

„Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на Црквата“ (Отк.3,22).   АМИН.

 

Свештеник Драги Гаштарски

 

 

 
< Претходно   Следно >