Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Црковен Хор arrow Младински црковен хор „Св. Кирил и Методиј“
Младински црковен хор „Св. Кирил и Методиј“
22.03.2013.
 

 

Младински црковен хор ,,Св. Кирил и Методиј‘‘

Повардарска православна епархија

 

            Формирање:

           

            Младинскиот црковен хор „Св. Кирил и Методиј“ на Повардарска епархија е формиран во јануари 2012 год. по желба на Митрополитот г.  Агатангел. 

            На 24. 10. 2012 год. на средба со хористите, Митрополиот Повардарски г. Агатангел го именува хорот со името „Св. Кирил и Методиј“ и даде благослов хористите со своето пеење да учествуваат во Светата Божествена Литургија.  

 

            За хорот:

           

            Според својата структура хорот е камерен женски младински хор на возраст од 13 – 19 години. За прв пат хорот учествуваше во Света Божествена Литургија во Соборниот храм „Св. Вмч. Пантелејмон“ на 4. 10. 2012 во Велес, а потоа следуваше учество на Архиерејска Света Божествена Литургија  на 08. 10. 2012 година во црквата „Св. вмч. Димитриј“  во Кавадарци. Пеењето на хорот и учеството во службата на Светата Божествена Литургија можете да го проследите секоја недела во Соборниот храм „Св. Вмч. Пантелејмон“.

            Освен учество во Светата Божествена Литургија хорот настапува и на манифестации организирани од општината и надвор од неа. Оваа година на покана од диригентот на хорот „Св. Злата Мегленска“ младинскиот хор ќе биде гостин на концертот што го одржуваат јубилејно секоја година „Божиќ – Слава“.

 

            Репертоар:

  

-          Божествена Литургија – Атанас Бадев

-          Духовни композиции од композиторите: Смоленски, Рахмањинов, Динев, Бортњански, Гаврилова, Архангелски и др.

-          Преработки на народни песни: С. Гајдов, Д. Шуплевски

-          Современи композиции од автори од XX  - XXI век

 

            Со хорот раководи диригент Веселинка Маџарова – Андова.


 
Следно >