22.03.2013. |
 Се известуваат сите верници од градот Велес дека во Неделата на Православието (24. 03. 2013 година), со почеток во 08, 00 часот, ќе се отслужи Света Божествена Литургија единствено во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св.вмч. Пантелејмон“ (едноцрквие), на која ќе чиноначлствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По завршувањето на Литургијата ќе биде одржана Духовна Академија, на која со празнична проповед ќе се обрати свештеникот Драги Гаштарски. Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси.
|