18.03.2013. |
На 15. 03. 2013 година, во село Пирава, Валандово, со почеток во 17 часот беше отслужена Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше отец Драги Дончевски во сослужение со секретарот на Повардарската епархија, ѓаконот Влатко Стоименов. На Вечерната богослужба присуствуваа поголем број од свештениците во Гевгелиското архиерејско намесништво, како и верниците од Валандовската општина. По завршувањето на Вечерната богослужба во црковната трпезарија се одржа трибина на која со пригодно слово на тема „Пост, исповед и причест“ на верниците им се обрати ѓаконот Влатко Стоименов. На трибината активно учество земаа и самите верници со свои прашања кон ѓаконот, покажувајќи жив интерес за постот, исповедта и причеста како нераскинливи особини од животот на еден Православен Хистијанин. Известува: отец Љупче Миланов
|