Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Божествена Литургија во Неделата на простувањето
Божествена Литургија во Неделата на простувањето
15.03.2013.

Sample ImageНа 17. 03. 2013 година, Недела на простувањето - Прочка, со почеток во 08, 00 часот, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на голем број свештеници од епархијата. Се повикуваат сите верни, да присуствуваат на оваа Литургија, најпрво молитвено да побараме прошка од Бога, а потоа и да го искористиме денот на простувањето за да отидеме кај своите најблиски и кај сите на кои сме погрешиле за да речеме прости ми и да се обидеме до денот на Воскресението Христово да ја исполниме нашата душа со чистота, добрина, љубов, милосрдие.

 
< Претходно   Следно >