Митрополит Филарет Њујоршки |
22.10.2007. | |
Митрополит Филарет Претстојател на Руската Задгранична Црква (1903-1985) На 8 ноември 1985 година (стар календар) се упокои во Господа Митрополитот Филарет, Претстојателот на Руската Задгранична Црква, со седиште во Њу Јорк, САД. Митрополитот Филарет, световно Ѓорѓи Николаевич Вознесенски, е роден во 1903 година, во Курск. Неговиот татко беше свештеник и, подоцна кога остана вдовец, беше ракоположен за епископ на Хајлар во Манџурија. Свештеничкото семејство во 1920 година пребега во Кина и се смести во Харбин Манџуријски. Ѓорѓи, после завршувањето на студиите на Свештеничкиот Факултет во Харбин, се замонаши, добивајќи го името Филарет и беше ракоположен за свештеник во 1930 година. Архимандритската служба ја прими во 1937 година. После окупацијата на Кина од Комунистите во 1949 година, сите Руски бегалци беа обврзани да примат Советско државјанство и да се вратат, сигурно со блескави ветувања за слобода во Советскиот Сојуз. Таткото на архимандритот Филарет, Епископот Димитриј, попушти пред притисоците и се врати во Русија, каде што малку подоцна умре на Сибир, како што всушност се случи и со сите бегалци кои се вратија назад (околу 2 000 000). Јеромонахот Филарет, и покрај големите опасности, остана непопустлив и одби да замине од Кина на Запад, пред да се избават членовите на неговата словесна паства. Конечно, после многугодишни страдања, во 1962 година се преселува во Австралија, каде што после една година ќе биде ракоположен за Епископ на градот Бризбеин. Во 1964 година, после оставката на Митрополитот Анастасиј, чудесно беше избран за Претстојател на Руската Задгранична Црква, и покрај тоа што беше најмлад помеѓу епископите. Во текот на неговото пастирствување како Митрополит беа прогласени за светители, светиот протоереј кронштадски, Свети Јован, Преподобен Герман Аљаски, Преподобна Ксенија Руска Христа ради Јуродивата и на крај светите руски Новомаченици. Беше препознатлив особено поради неговиот цврст став против сеереста на Екуменизмот, па така, ја видоа светлоста на денот неговите текстови полни со ревност за Православието, но составени со карактеристично расудување, осудувајќи ја ереста и укорувајќи ги нејзините творци. Достопамјатен беше и неговиот совет како да се реши состојбата помеѓу оние кои не го променија црковниот календар во Грција, иако не беше целосно реализиран. Беше воздржлив подвижник, немногуглаголив, кроток, смирен и љубовен богослужител, со голема љубов кон неговата словесна паства, а особено кон младите, секогаш посветен на свештеното дело на умносрдечната непрестајна молитва. Воглавно беше над секое ситничарење и страсти, украсен со добродетели и дарови, подражавател на великите Свети Ерарси на нашата Црква. На 30 октомври 1998 година, според црковниот календар, Комисијата составена од тогашниот Архиепископ Лавр и други клирици на Руската Задгранична Црква, го отвори привремениот гроб, каде што ги беа положиле моштите на блажениот Претстојател во текот на ноември 1985 година, во манастирот Света Троица, Џорданвил, САД, за да се подготви за пренос во друг посебен гроб, којшто неодамна беше направен. Но кога од страна на Комисијата беше отворен гробот на блажениот Митрополит Филарет, речиси 13 години после неговото упокојување, архиерејските мошти беа пронајдени во нераспадната состојба, на големо изненадување и восхит кај сите! Преводот од грчки јазик е направен од изворникот:
Μητροπολίτης Φιλάρετος Πρωθιεράρχης της Εκκλησίας Των Ρώσων της Διασποράς (1903-1985) www.synodinresistance.org |
< Претходно | Следно > |
---|