Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Ракополагање на ѓакон
Ракополагање на ѓакон
5.03.2013.
Sample Image
 

 

Sample Image

 

На 03. 03. 2013, Неделата на блудниот син, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од Велес, а молитвено присуствуваа голем број на верници. На оваа Литургија, Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел благоволи и го ракополжи најпрво во чин ипоѓакон, а потоа во чин ѓакон завршениот богослов и досегашен чтец, Васил Ристовски.

Во словото кое Митрополитот Агатангел го упати кон присутните, тој го претстави новиот ѓакон и му упати порака да ја сака својата Црква, својот народ и својата земја и со своите дела да биде пример за сите верни.

На новоракоположениот ѓакон Васил Ристовски, кој е вработен во администрацијата на Повардарската епархија му посакуваме да долголетствува на полето Господово, и како што ревносно ги извршува своите досегашни административни задачи, со уште повеќе ревност да го шири и проповеда Словото Божјо и да ја чува и заштитува Светата православна вера.

На многаја лета!

 
< Претходно   Следно >