На празникот на Светиот Николај Чудотворец |
31.12.2012. |
 На 19. 12. 2012 година на празникот на Светиот Николај Чудотворец – архиепископ на Ликискиот град Мир, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, кој е Патрон и Заштитник на градот Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Надлежниот Митрополит на Брегалничката епархија г. Иларион и Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија . На Светата Литургија, празнично слово, одража Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По Светата Литургија, Мирополитите г. Агатангел, г. Иларион и Епископот г. Јосиф, заедно со Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов, свештенослужителите и многубројниот православен народ, извршија Литија од Соборниот храм Св. Николај до Градскиот Плоштад во Штип, каде го благословија и пресекоа славскиот колач, по што надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион одржа содржајна беседа. По ова за православните верници беше организирана културно естрадна забава во знак на чествувањето на Светиот Николај Патрон и Заштитник на градот Штип. По ова во салата на Советот на Општина Штип, Митрополитите и Епископот присуствуваа на Духовната Академија по повод Заштиникот и Патронот на Градот Штип, во организација на Градоначалникот г. Зоран Алексов и Советот на Општина Штип. На свечената академија Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов го одликува проф. д – р г. Методиј Чепреганов роден во Штип со златен орден со ликот на Св. Николај Чудотворец, епископ Мирликински, изработен специјално за оваа пригода.
|