Архиерејска Божествена Литургија во Струмица |
13.12.2012. |
Денес, на празникот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, а по повод 45 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква и 1650 години од мачеништвото на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, надлежниот Митрополит Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
|