Богослужби во епархискиот параклис |
7.12.2012. | |
Прославата на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски, во Повардарската епархија започна со Вечерна богослужба која се отслужи во епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Славе Јованов во сослужение на протоереј Киро Ристов и ѓакон Влатко Стоименов. Голем број верници беа присутни на Вечерната Богослужба, каде молитвено се поклонија на Светителот - заштитник на Mакедонската Православна Црква и нејзините верни чеда. По завршувањето на Вечерната богослужба, протоереј Киро Ристов имаше кратко излагање за значењето на Свети Климент за македонскиот народ и Македонската Црква. На самиот ден на празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, во епархискиот параклис беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше свештеник Борислав Бобевски.
|
< Претходно | Следно > |
---|