


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Започна чествувањето на патронот на МПЦ |
| 7.12.2012. | |
![]() Со голема Вечерна богослужба која се отслужи во црквата „Св. Вознесение Христово“ во Драчево започна чествувањето на свети Климент Охридски, патрониот заштитник и прв архиереј на Охридската архиепископија. На Вечерната чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратот Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Велички г. Јосиф и Епископот Лешочки г. Јосиф. Прославата продолжи во средното богословско училиште „Св. Килимент Охридски“ со свечена академија и читање на најдобрите литературни творби. ![]() ![]() ![]() |
| < Претходно | Следно > |
|---|