


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| 45 години од хиротонијата на Митрополитот Кирил |
| 19.11.2012. | |
![]() На 18. 11. 2012 година во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ се отслужи Света Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на епископот Велички г. Јосиф и епископот Лешочки г. Јосиф и бројно свештенство од кумановско-полошката епархија. На Литургијата присуствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Брегалнички г. Иларион. Со оваа Литургијата се одбележаа 45 години од хиротонијата на најстариот член на Синодот на Мкедонската православна црква, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил. На многаја лета, владико! ![]() ![]() |
| < Претходно | Следно > |
|---|