


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Св. вмч. Димитриј - Кавадарци |
| 9.11.2012. | |
![]() На празникот на светиот великомаченик Димитриј Солунски во храмот посветен на овој светител во Кавадарци се отслужи Света Божествената Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, архимандритот Нектариј и бројно свештенство од Повардарската епархија. На Божествената Литиргија присуствуваа голем број на верници од Кавадарци и од неговата околија, кои традиционално секоја година молитвено му се поклонуваат на Светиот великомаченик Димитрија и го молат за застапништво на нивните души пред престолот на Господ Бог. На Литургијата верниците се причестија со Телото и Крвта Христови, а потоа Митрополитите и свештенството осветија вода и ги прекршија славските колачи. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
| < Претходно | Следно > |
|---|