Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Осветена нова црква во Штип
Sample Image

Возљубени,

Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник).

Сите останати услови остануваат непроменети.

 
Осветена нова црква во Штип
6.11.2012.

 

Sample Image

 

Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква на 04. 11. 2012 година, 22 – ра Недела по Педесетница, св. Аверкиј епископ Ераполски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со Високопреосвештените Митрополити на МПЦ – ОА, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, Митрополит Дебарско – кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион и Преосвештените Епископи, Епископ Велички г. Јосиф и Епископ Лешочки г. Јосиф, во сослужение на Архимандритите Нектариј и Никола, Игумените Дамаскин и Фотиј, свешеници и ѓакони од сите епархии на МПЦ – ОА, ја освети новоизградената црква посветена на Патронот и Заштитникот на Нашата МПЦ – ОА Светиот Климент Охридскиот Чудотворец во населбата Сењак во Штип, чиј што камен – темелник го има осветено и поставено како тогашен Митрополит Брегалнички г. г. Стефан. На малиот вход од Светата Архиерејска Литургија, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, го произведе во Архимандрит Неговото Високопреподобие Игуменот на Лесновската обител отец Дамаскин. Во преолнетата новоосветена црква содржајна пригодна беседа одража Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.

Повеќе на сајтот на Брегалничката епархија на МПЦ

 

 

 
< Претходно   Следно >