Канонизација на нови светители |
30.10.2012. | |
![]() Битолските монаси на најдобар можен начин покажале дека нивниот избор да му служат на Бога го потврдиле и со тоа што кога животот им бил доведен во опасност тие не се откажале од Христа. Македонскиот народ во целата своја историја својата вера ја потврдил преку жртвите кои ја потврдиле нашата вера христијанска. МПЦ има подолг список и на други имиња што ќе бидат врбоени меѓу светиите во календарот на православната црква, истакна г.г. Стефан на свеченоста во Битола. Од Беседата на Архиепископот г.г. Стефан: - Светиот апостол Павле во своите посланија ги возвишува светителите. Почитувајќи ги светиите ние го почитуваме Исус Христос во нив. Одпадништовото на современиот свет ни потврдува дека без Бога немаме живот. - Гревот во светот расте па и денес се соочуваме со истите искушенија како во времето на Римското царство. Прогоните на христијаните во светот достигнуваат загрижувачки размери дури и во форма на државен терор. Оправдувања се наоѓаат главно во искривени ставови на други религии. - Мораме да најдеме одговор на оркестрираните напади на Црквата, семејството и личноста на човекот. Затоа да му благодариме на Бога што преку умовите и срцата на неброени наши предходници ни ги пренеле животот и мачеништвото светителите кои денес ги канонизираме во годината во која ги прославуваме 45 години од возобновувањето на Охридската архиепископија. Поопширно на Преминпортал
|
< Претходно | Следно > |
---|