


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Нов црковен хор во Велес |
| 25.10.2012. | |
![]() ![]() На 24. 10. 2012 година, Митрополиот Повардарски г. Агатангел го прими во посета женскиот црковен хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес. На средбата, диригентката на хорот проф. Веселинка Маџарова-Андова го информираше Митрополитот дека новосоздадениот црковен женски хор е веќе подготвен за да учествува со своето пеење во Светата Божествена Литургија, така што од сега па натаму богослужбите во Велес и во Повардарската епархија ќе бидат збогатени со велелепните звуци и на овој нов црковен хор. Ова е втор црковен хор во Велес, покрај постоечкиот мешан хор „Св. вмч. Пантелејмон“.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|