Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Хиротонија на Епископот Лешочки , г. Јосиф

Возљубени,

Ве известуваме дека во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 18. 04. 2024 година до 24. 04. 2024 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Повардарската епархија ќе ги претстави сите изданија од својата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите.

Оваа година беше навистина плодна за нашата издавачка дејност, па така, на саемот, ќе претставиме дури ДВАНАЕСЕТ нови изданија, во однос на минатогодишниот саем, и тоа книгите: „Свети Јован Златоуст - Дела“ 1 и 2 том, „Средба со Бог - старец Ефрем Аризонски“, „Света Ксенија Петроградска“, „Монографија – Митрополит Агатангел“, „Свети Герасим Кефалониски“, „Историја на македонскиот народ“, како и реизданија на книгите „Старец Јосиф Исихаст“, „Мојот живот со старец Јосиф“, „Пат на небо“, „Свети Нектариј Егински“ и „Давидов Псалтир“.

Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“.

Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

 
Хиротонија на Епископот Лешочки , г. Јосиф
25.10.2012.
Sample Image
 
На 21 октомври 2012 година, во соборниот храм на светите Кирил и Методиј, во Тетово,  Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со Архиереите  на САС на МПЦ-ОА, како и големиот  број на јеромонаси и свештенослужители,   го извршија чинот на хиротонија на  нововоизбраниот Епископ Лешочки г. Јосиф, кој воедно ќе биде викарен Епископ на Неговото Високопреосвештенство,  Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил.
 - Архиерејското служење во сите векови било постојано носење на крст и барало од оној што го носи усрдна грижа за народот божји и ревност за правдата господова. Затоа дека сигурен оти со светите молитви од сите вас присутни на оваа света литургија за нашиот господ Исус Христос да ја испрати неговата благодет та идното архиерејско служење да биде спасително за мене а повеќе за мајката македонска црква, за нашата татковина, за нашиот православен народ и за сите луѓе со добра воља и разбирање, изјави Јосиф Епископ Лешочки.
Архиепископот г.г. Стефан побара од новиот владика да биде трпелив и подготвен на големите искушенија во регионот во кој е назначен.
- Сведоци сме на чести напади на сакрални објекти и на христијански души. Многупати се вознемирувани дури и нашите покојни. За жал 2001-та година некаде како се уште да трае. Наше и по христијански и по македонски е да бидеме трпеливи, кон секого да покажуваме и љубов и разбирање и на другите да им правиме она што сакаме другите да ни го прават, рече г.г Стефан.
Јосиф Пејовски е роден во 1977 година во Прилеп. Се замонашил во 2005, а докторирал на богословскиот факултет во 2009 година.
 
 
 
Поопширно на Преминпортал
 
< Претходно   Следно >