Наречение за новоизбраниот епископ Велички г. Јосиф |
8.10.2012. | |
На 6. октомври 2012 година, во Охрид во Свети Климентовиот храм на Плаошник, се изврши чинот на Наречението на архимандритот Јосиф од Бигорскиот манастир со што тој и официјално стана викарен епископ на поглаварот, г.г. Стефан во Скопската епархија. Чинот познат во православната црква како наречение, или објавување на веста пред верниците е прв чекор пред хиротонијата или ракополагање во епископски чин. Се практикува на тој начин што во состав на вечерната литургија, сите членови на Синодот организираат заедничка вечера по примерот Тајната вечера, во која со вино и леб го примаат како свој рамноправен брат новиот член на највисокото црковно тело. Архиепископот Стефан пред аримандритот Јосиф да седне на масата ја прочита одлуката на Синодот за неговиот избор, а тој возврати со одговор: - Ја прифаќам и не се противам, преосвештени владико - рече Јосиф.
Потоа следеше заедничкa вечерна богослужба. Архимадритот Јосиф е дванаесетиот член на Синодот. Доаѓа од Бигорскиот маснастир и ќе биде викарен епископ на скопската епархија. |
< Претходно | Следно > |
---|