Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Божествена Лирургија и Прв академски час
Божествена Лирургија и Прв академски час
17.09.2012.

 

Sample Image

 

На 16 септември 2012 г. во црквата свети Јован Крстител во Капиштец, во Скопје, Неговото блаженство, Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Неговото Високопреподобие Архимандритот Јосиф (Тодоровски), и дел од ракоположените професори на  Православниот богословски факултет  отслужи Света архиерејска Литургија. На Литургијата присуствуваа и Ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, проф.-д-р Велимир Стојановски,  Ректорската управа, Сенатот и студентите на Универзитетот. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во беседата на Владиката Агатангел меѓу другото беше речено, да како Садукеите,  кои го познавале Светото писмо до точка и запирка точно знаеле како да го искушаат Месијата на чувствителното прашање за исполнувањето на Божјите заповеди, слично и денес, ние сме непрекинато изложени на предизвиците и искушенијата на овој свет. Затоа, за ДА ГО ВОЗЉУБИМЕ БОГА да го најдеме духовното „копче“ што го закопчува нашето срце за Благата вест која ни се навестува во Црквата. Да ја одтргнеме железната завеса која ни ја крие Светлината и веднаш ќе почнеме да ја чувствуваме Благодатта како не обзема. За да го засакаме Бога со сета своја душа треба да се препородиме од исконскиот грев и да го исчистиме разумот со исполнување на Божјите закони и читање на Светото писмо. ДА ГО САКАМЕ БЛИЖНИОТ КАКО СЕБЕ САМИТЕ е братољубие кое својот врв го достигнува во разбирањето на нашите непријатели.
Потоа, во салата „Архиепископ Доситеј“ на Православниот богословски факултет Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан се одржа молитва за почетокот на академската година. Во својата беседа тој подсети како пред два милениуми многумина не поверуваа иако нашиот Господ Исус Христос пред нивните очи правеше чуда. Така и денес во образованието немаме веронаука, а во армијата и затворите немаме духовници. Да внимаваме – секуларноста не значи безбожност или атеизам. На ова особено треба да внимаваат институциите. Религијата и науката секогаш растеле напоредно. Да се подсетиме дека врвните научници и творци секогаш биле, а и ден-денес се вдахновени од Светиот Дух. На крајот поглаварот даде благослов на новите генерации теолози бидејќи и Црквата и човештвото имаат потреба од добри пастири затоа што жетвата е голема, а работниците се малку.
Деканот на Богословскиот факултет проф. д-р Ацо Гиревски – протоереј-ставрофор , истакна дека фактот што ректорот и Ректорската управа го одбележуваат почетокот на академската година токму со присуството на Светата Литургија и оваа молитва представува признание за 35-те години постоење на Факултетот. Деканот го навести почетокот на постапката Факултетот да стане редовна членка на најстариот Универзитет на Светите Кирил и Методиј. Веќе денес студентите можат да ги користат научните ресурси на Универзитетот. На крајот деканот го дарува ректорот со иконата на светите Кирил и Методиј. 

 

Sample Image
 
 Sample Image

 

 
< Претходно   Следно >