


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Освет на камен-темелник за нова црква |
| 17.09.2012. | |
![]() На 15. 09. 2012 година се изврши освет на камен-темелник на нова црква во селото Бистрица, општина Чашка. Чинот на осветување на камен-темелникот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители. Новата црква во селото Бистрица ќе се гради во чест и слава на светите апостоли Петар и Павле. Црквата ќе се гради со средства од жителите на селото и Повардарската епархија. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
| < Претходно | Следно > |
|---|