Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow 8 години www.povardarska-eparhija.org.mk
8 години www.povardarska-eparhija.org.mk
15.08.2012.

 

Sample Image

 

Почитувани,

оваа 2015 година, на големиот верски празник Петровден, ја одбележавме 8–тата година од функционирањето на епархиската интернет страница.

Интернет страната на Повардарската епархија започна да функционира во јули 2007 година, со што Повардарската Епархија започна нова пракса во комуникацијата со своите верници, со помош на која транспаретно, точно и навремено се информираат верниците за сите моменти од духовниот живот на епархијата, но истовремено запазувајќи ја и јакнејќи ја и духовната димензија, каде што со објавувањето на огромен број на духовно полезни текстови сакаме да помогнеме за спознание на позитивни моменти, кои ќе ни бидат корисни во нашиот животен развој. Голем дел од она што го пишуваме е посветено на православниот подвижнички живот, Богослужението и на Светите  Тајни - Причеста, Покајанието и Исповедта, како и на многу други пастирско-богословски теми, полезни и применливи во секојдневниот живот.

Сајтот е и билтен за активностите на Повардарската Епархија, така што редовно содржи информации за богослужбите во сите парохии, како и за сите битни моменти од Црковниот живот во Повардарската епархија, и воопшто во Македонската православна црква. Секако дека на овој сајт е оставен простор и за многу аспекти од општествениот живот, каде со посебен нагласок информираме за значајни моменти од уметноста, културата, образованието, воспитувањето и сè она што придонесува за христијанско-морално растење на луѓето.

И оваа, осма година од нејзиното постоење, со посетеност од околу 700.000 посети на годишно ниво, интернет страната останува најдобар медиум за ширење на Словото Божјо, современ начин за пренесување, објаснување и ширење на верата, особено за помладите верници, и за сите кои секојдневно го користат интернетот.

Се надеваме дека сајтот на Повардарската епархија, како и досега, ќе ви биде секојдневно четиво, духовна храна, но и помошник во духовното образование и живот. Исто така, ве поттикнуваме да имате слобода да ни пишете конструктивни сугестии, критики, совети, предлози за подобро и поквалитетно функционирање на нашата веб-страна, како и теми за кои сакате да објавиме повеќе текстови. Оние кои имаат желба и капацитет да ни бидат соработници (како преведувачи или автори на богословски содржини) нека ни пишат на нашиот e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 

Од редакцијата на веб-страната

 

 
< Претходно   Следно >