Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Групна крштевка на Бабуна
Групна крштевка на Бабуна
16.07.2012.

 

Sample Image
 
 Sample Image

 


П

овардарската епархија на 14. 07. 2012 година (сабота), на денот кога Светата православна црква го слави споменот на светите Козма и Дамјан, по петти пат организираше бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. И оваа година имаше голем број луѓе кои доброволно пристапија на православната вера, примајќи ја Светата Тајна – Крштение. Така, оваа година бројот на оние кои пристапија кон Светата православна црква изнесуваше 35.

Со чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение чиноначалствуваше протоерејот Ристе Јанушев во сослужение на свештениците Мики Миовски и Драги Гаштарски. Групната крштевка беше организирана по петти пат во Повардарската епархија, со што продолжува тенденцијата традиционално да се одржува секоја година во водите на реката Бабуна. 

Чинот започна во 10 часот, а најпрво беше извршен чинот огласување, во кој свештенослужителите ги повикаа сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и  од сите негови дела и да се соединат со Христа. Потоа сите заедно го прочитаа Символот на верата за да покажат дека веруваат православно.Откако беа осветени водите на реката Бабуна, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во реката Бабуна и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква. Потоа следеше миропомазание на крстените, а следниот ден сите крстени присуствуваа на Светата Литургија за да ја примат Светата тајна - Причест. 

 

 

Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image

 

 

 
< Претходно   Следно >