Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ |
Возљубени, на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник. На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес. Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.
|
|
Св. Наум Охридски |
4.07.2012. | |
„Светлите подвизи на твојот пречесен спомен, како големо сонце кое светли, ги просветува лицата на тие што те слават, бесовите, пак, и секоја болест, ги изгонува. Заради тоа, доаѓајќи со љубов, верно да го прославиме“ (кондак на св. Наум Охридски). Споменот на свети Наум Охридски Чудотворец насекаде во Македонија, а особено во Охрид, во градот каде овој наш светител, просветител, црноризец, подвижник и чудотворец живеел и поучувал, секоја година е торжествено прославуван. И оваа година, во манастирот на Белото Езеро, којшто самиот тој го изгради со своите пречисти раце, со големи свечености го воспеавме свети Наума. Празнувањето започна на 02.07.2012 година со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, еромонасите Доситеј и Јосиф, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. На Вечерната присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој од владичкиот трон му вознесуваше молитви на светиот Охридски Чудотворец. По завршувањето на вечерната беше отпеано и петолебието, а Митрополитот Агатангел се обрати кон мноштвото верни со пригодно слово во кое ги повика сите луѓе да се вратат кон моралните норми, всадени од Господа во срцето на човекот. Прославата продолжи утредента, на 03.07.2012 година, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј и Агатангел, архимандритите Нектариј и Партениј, протоереј-ставрофор Тоди Јован од Албанската православна црква, еромонасите Доситеј и Јосиф, свештениците Никола Христоски и Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. На овој прекрасен ден, еромонахот Јосиф беше произведен во чин игумен, а како знак на неговото игуменство му беа дадени надбедреник и граден крст. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Архиепископот Стефан се обрати кон паствата со пригодна беседа. Навистина, прекрасна беше сликата да се видат илјадници верни, кои не штедејќи се себеси дојдоа од цела Македонија, но и од Албанија, да се поклонат на гробот на свети Наум и да ги испросат неговите молитви и неговото застапништво пред Бога. И ние го молиме светителот да „нè воведе во верата и да нè избави од сите искушенија. Амин!“
Извор: Дебарско-кичевска епархија
|
< Претходно | Следно > |
---|