Соопштение |
2.07.2012. | |
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, на својата редовна седница одржана на 28 јуни 2012 г., ги избра Неговото Високопреподобие архимандритот г. ЈОСИФ (Пејовски) игумен на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица”, Калишта, Струга, за викарен епископ на епархискиот архиереј на Полошко-кумановската православна епархија, со титула Епископ Лешочки и Неговото Преподобие јеромонахот г. ЈОСИФ (Тодоровски), од манастирот „Свети Јован Крстител - Бигорски”, за викарен епископ на епархискиот архиереј на Скопската православна епархија, со титула Епископ Велички. Наречението на Епископот Лешочки г. Јосиф (Пејовски) ќе биде на 20 октомври 2012 г., во Соборниот архиепископски храм „Свети Климент Охридски” во Скопје, а хиротонијата за викарен епископ на Полошко-кумановската православна епархија ќе биде на 21 октомври 2012 г., во храмот „Свети Кирил и Методиј” во Тетово. Наречението на Епископот Велички г. Јосиф (Тодоровски) ќе биде на 06 октомври 2012 г., во манастирот „Свети Климент Охридски” на Плаошник, во Охрид, а хиротонијата за викарен епископ на Скопската православна епархија ќе биде на 07 октомври 2012 г., во храмот „Света Софија”, во Охрид. ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ Архимандрит д-р Јосиф Пејовски
Замонашен е во 2005 година, кога е ракоположен и во јероѓакон, а следната 2006 година е ракоположен во јеромонашки чин. Во 2009 година е произведен во игумен на Калишкиот манастир: “Рождество на Пресвета Богородица”. Со одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква во 2011 година е произведен во архимандрит. На 28.06.2012 година, е избран за Епископ лешочки, и е поставен за викар на Полошко-кумановскиот Митрополит, господин Кирил. Јеромонах Јосиф Тодоровски
На 28.06.2012 година е избран за Епископ велички и е поставен за викар на Скопската православна епархија, со која раководи Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан.
|
< Претходно | Следно > |
---|