Втора недела по Педестницата |
17.06.2012. | |
Во втората недела по Педестницата, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи Света Архиерејска Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес. Пред присутните верници со празнично слово се обрати свештеникот Игор Пармачки, а потоа мноштво верници, подготвени по првата седмица од Петровденските пости, застанаа пред Светиот Путир за да ги примат Светите Христови дарови.
|
< Претходно | Следно > |
---|