Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Осветување на црква на Педесетница
Осветување на црква на Педесетница
5.06.2012.
Sample Image
 

 

03.06.2012 - На денот кога се слави роденденот на Светата православна црква - Светата Педесетница , денот кога Светиот Дух во вид на огнени јазици се симна врз апостолите и ги направи носители на благодатта Божја, создавајќи од нив свет собор на сите оние кои се повикани за спасение на тој начин што со својот живот и со своите дела ќе се вградат во телото на Црквата, годинава се  чествуваше и споменот на Светите цар Константин и царица Елена .

На овој ден беше осветен возобновениот манастир во месноста Честодубје во Вратница, Тетовско.

Осветувањето на манастирската црква започна со трикратен опход околу црквата на верниците и читање на евангелиските пораки. По симболичното затропување на вратата на манастирската црква, верниците влегоа внатре за да присуствуваат на подготовката на светиот престол.

Беше потпиешана повелбата, која потоа заедно со светото миро беше ставена во престолот. По чинот на осветување беше отслужена Света литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардаски г. Агатангел во сослужение со свештенослужители од полошко - кумановската епархија. На Светата Литургија кон насобраните верници Митрополитот Агатангел се обрати со кратко слово, а по причестувањето на дел од верниците Митрополитот и свештенослужителите пристапија кон служење и на Вечерната богослужба, која во овој ден се извршува веднаш по Литургијата. По големот прокимен од страна на Владиката и свештенослужителите беа прочитани трите долги молитви предвидени за овој ден.

Литургијата беше збогатена со велелепните звуци на тетовскиот хор „Менада“ под диригентство на доктор маестро Ивица Зориќ.

Денешното осветување на возобновениот манастир Свети цар Константин и царица Елена е најрадосен за сите вратничани бидејќи на него чекаат веќе 12 години од првата иницијатива да се изгради манастир на местото на вековните стари темели. На овој свет чин присуствуваа голем број верници од Вратница и околните села и градови, но и од дијаспосрата. Овој манастирски храм е возобновен со цел сите православни верници од овој крај,  а посебно оние иселените во другите земји да имаат свое духовно свратилиште.
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image

 

 

 
< Претходно   Следно >