Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Осветување на нов црковен објект
Осветување на нов црковен објект
21.05.2012.

 

Sample Image
 
 
 Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ЛИТУРГИЈАТА И ОСВЕТУВАЊЕТО НА НОВИОТ ЦРКОВЕН ОБЈЕКТ

 

На 20. 05. 2012 година, во шестата недела по Воскресението Христово, во црквата „Свето Вознесение Христово“ во Велес се отслужи Света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на Митрополитите Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, архимандритот Нектариј и бројно свештенство од Повардарската епархија.

На Литургијата присуствуваа голем број жители на градот Велес, меѓу кои и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Горан Петров, пратениците во Собранието на Р.М. г-дин Илија Димовски и г-дин Ѓорѓи Коџобашиев, претседателот на Советот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев, како и многу други претставници на општинските институции.

По завршувањето на Литургијата, Архиепископот, Митрополитите и свештенослужителите, заедно со присутните верници се упатија во дворот на црквата каде најпрво извршија водосвет, а потоа го осветија новиот црковно-административен објект при црквата „Свето Вознесение Христово“. Новиот црковен објект во кој се сместени канцеларии, трпезарија и кујна, се градеше скоро една година со средства од Повардарската епархија, како и со донации од верниците, а ќе има за цел да им овозможи подобри услови на верниците при извршување на црковните потреби и ќе придонесе да се избегнат зголемените материјални трошоци  при погребите  и одењето  по ресторани во чест на починатите.  Трпезаријата   има капацитет од 80 до 90 гости.

 

 
< Претходно   Следно >