Томина Недела |
23.04.2012. | |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]()
На втората недела по Пасха, посветена на Светиот апостол Тома, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во кавадаречкото село Ваташа. На Литугијата сослужуваа повеќе свештенослужители од кавадаречкото епархиско намесништво, а молитвено присуствуваа голем број на верници. На Литургијата, Митрополитот Агатангел проповедаше за блаженото неверие на апостолот Тома, за тоа како тој не поверувал во Восресението на Исус Христос, но откако Господ му се јавил и му ги покажал раните од клинците дури тогаш тој поверувал. Но и покрај блаженото неверие на апостолот Тома, тој отишол во Индија да шири Словото Божјо и ја основал Индиската Црква. |
< Претходно | Следно > |
---|