Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Спомен на Светите маченички Софија, Вера, Надеж и Љубов
1.10.2007.
   
Sample Image
 

        На денот на Светите маченички Софија, Вера, Надеж и Љубов, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитите Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј и Брегалнички г. Иларион отслужија Божествена Литургија во катедралниот храм на охридските архиепископи, „Света Софија“ во Охрид.

     Со архиерејската литургија, на која присуствуваа голем број верници, кои молитвено се поклонија на овие свети маченички, чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј. Архиереите на македонската православна црква беседеа за животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.

 

Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image

 

 
< Претходно   Следно >