Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Православна Светлина III
25.09.2007.
Sample Image
 

Излезе од печат третиот број од списанието на Повардарската епархија „Православна Светлина“...
Бесплатниот примерок од списанието можете да го најдете во сите цркви и манастири низ Повардарската епархија. 

 


   

    Како и во изминатите два броја, кои беа подготвени за верниците во време на празнувањето на Велигден (1-от број), како и празнувањето на Петровден (2-от број), така и овој број излегува во време кога ги празнуваме големите христијански празници: Рождеството Богородично и Крстовден. И во овој број, како веќе востановена пракса, обработивме теми со кои би сакале да се обидеме да ги запознаеме верниците што подобро со традициите на црковниот живот, и со учењето на нашата Света Црква, и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера.

    Се надеваме дека со секој нов број на „Православна Светлина“, придонесуваме за секоја православна христијанска душа да ги разбуди своите христијански чувства, за да може вистински да го прими нашиот Господ Бог Исус Христос во своето срце, а со тоа и да ги прими и да ги почитува евангелските заповеди за добрина, милост, пријателство, надеж, љубов како свои единствени и возвишени идеали според кои ќе опстојува.


 
Содржини во третиот број:
 

 

Sample Image

 

 
< Претходно   Следно >