


| Акатист кон Пресвета Богородица, четврта статија |
| 26.03.2012. | |
|
![]()
На 23. 03. 2012 година, во петок од четвртата седмица од Великиот Пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи четвртата и последна статија од Богородичниот Акатист. На вечерната богослужба сослужуваа протоереј-ставрофор Славе Јованов, свештеник Драги Гаштарски, свештеник Јованче Илиевски и ѓакон Мишо Тодоров, а присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На крајот на вечерната богослужба беа благословени и прекршени празничните лебови. Следниот петок ќе се отслужи мало повечерие на кое ќе се читаат сите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица. |
| < Претходно | Следно > |
|---|