Светиот маченик Агатангел Битолски |
12.03.2012. | |
Фото материјал од Вечерната и Литургијата На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на овој маченик, отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. Вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата сослужуваа сите свештенослужители од градот Велес, како и клирици од другите намесништва на епархијата. На Литургијата, Митрополитот Повардарски благоволи и го ракоположи ѓаконот Игор Пармачки во чин свештеник, со што клирот на Повардарската епархија на Македонската православна црква се збогати за уште еден свештенички чин. Во беседата, искажана по повод ракоположувањето, Митрополитот Агатангел упати апел до сите свештеници дека свештеничко – пастирската врата мора да биде отворена цело време, дека свештеникот не смее да ги занемари своите духовни чеда кога тие имаат потреба од него, туку напротив да се обиде со Словото Божјо да го пронајде нивното смирение. Со празнично слово и именденска честитка од името на целиот клир и целото патство на Повардарската епархија се произнесе протореј Ристе Јанушев, кој му посака на Митрополитот Агатангел како и досега, успешно да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ, кој сите ние ќе го следиме. По завршувањето на Литургијата беа осветени и прекршени славските колачи и беше послужена трпеза на љубовта. На многаја лета, Владико свет. |
< Претходно | Следно > |
---|