Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Тодорова сабота
Тодорова сабота
5.03.2012.

 

Во првата сабота од светата Четириесетница, во времето на Великиот пост, која православната Црква ја посвети на споменот на свети Теодор Тирон, беше отслужена Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. Со Литургијата чиноначалствуваше Митроплитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на голем број свештеници од велешкото намесништво.

Светата Литургија на Тодорова сабота, како  и секоја година, ја одбележаат големиот број верници кои доаѓаат во храмовите ширум Повардарската епархија да ги примат Светите Христови Тајни, па така и оваа година  во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, пристапија речиси сите присутни верници кон светиот Путир, за да ги примат светите Тајни.

Од таа причина свештенослужителите причестуваа од две места и од два Путира, поделувајќи ги верниците на две групи: мажи и жени со мали дечиња.

Митрополитот Агатангел во својата беседа ја истакна големината на Светата Тајна - Евхаристија, но им  упати и порака на присутните верници да не го користат овој ден за лажно причестување, туку вистински да се подготват со пост, молитва, исповед и искрено покајание за достојно да застанат пред Светиот Путир.

 

 
< Претходно   Следно >